Холандската полиција уапси српски нарко бос кај кого е пронајдено огнено оружје, десетици килограми кокаин и пет милиони евра во кеш.

Сè започнало на 3 март, кога на агентите им паднала на око средбата на двајца сомнителни мажи. Како што подоцна се дознало, станува збор за Холанѓанец од Ротердам (26) и државјанин на Србија (40), чии имиња не се соопштуваат.

– По средбата, возачот од Ротердам се оддалечи со автомобил кој набрзо бил запрен од полицијата. Но, кај него не е пронајдено ништо сомнително. Друг полициски тим следел Србин кој ги однел во куќа во строгиот центар на Амстердам – ​​пишуваат локалните медиуми.

Полицајците извесен период ја држеле под надзор куќата во елитната населба Јордан, а потоа решиле да преземат акција

-Кога човекот подоцна излезе, полицијата го провери. Тој не дал никаква логична изјава за престојот во таа куќа. Тоа беше „куќа на духови“ – каде никој не беше регистриран. Самиот осомничен не бил внесен во општинската база на податоци. Врз основа на сите овие информации, одлучено е да се влезе во зградата – пишуваат холандските медиуми.

Штом влегле во станот, агентите пронашле голема торба полна со банкноти. Тоа беше доволна причина да се побара дозвола од истражниот судија за претрес на имотот. На крајот, полицајците во куќата пронашле повеќе од пет милиони евра готовина! Покрај парите, во куќата имало и десетици килограми кокаин и огнено оружје.

Во вторник, на 8 март, осомничениот е изведен пред истражен судија на Државното јавно обвинителство, кој му одреди 14-дневен притвор. Истрагата за овој случај е во тек.