Елеонора Мустафовска, единствената ќерка на кралицата на ромската музика, Есма Реџепова – Теодосиевска, неодамна си го смени името во Малиша. Пејачката сака со новото име да се пробие на музичката сцена во регионот. Таа вели дека многу луѓе во светот имаат уметнички имиња и се надева дека нејзиното ново име ќе ѝ донесе успех.

Есма имала дури 47 посвоени синови и една ќерка. Есма ја посвои Елеонора Мустафовска пет години пред нејзината смрт. Покојната пејачка се гордееше со Елеонора и имаше само пофални зборови за неа.

– Одлично се согласуваме, исто како мајка и ќерка. Сфатив дека во подоцнежните години е подобро да се има женско дете отколку машко, и не се лажев. Елеонора студирала на Универзитетот ЕСРА во Скопје. Следната година ќе дипломира соло пеење, а веќе три години е член на „Есма бенд“ кој ме придружува – изјави еднаш кралицата на ромската музика.

По завршувањето на училиштето, Елеонора почна да гради музичка кариера и пред неколку години на публиката и се претстави под уметничкото име Малиша. Младата пејачка не криеше дека смртта на нејзината мајка и паднала многу тешко:

– Нејзиното заминување ме растажи до болка, ми требаше долго време да почнам да живеам нормално и да продолжам понатаму. Сè уште верувам дека ме чува од рајот и дека е среќна што тргнав по нејзините стапки – изјави таа.

Потсетуваме, Есма Реџепова почина во декември 2016 година на 73-годишна возраст по кратко боледување. Покрај богатата музичка кариера, многумина ќе ја паметат како една од најголемите хуманитарци на денешницата, бидејќи во својата повеќе од 50 годишна кариера посвоила четириесет и осум деца за кои се грижела во текот на животот.

Елеонора отсега во јавноста настапува како Малиша. Името е во чест на нејзината внука Мали – ќерка на нејзиниот брат – која ја нема видено седум години. Таа веќе од поодамна ја сними првата авторска песна на српски јазик, насловена „Теби се предајем“, а за песната сними и спот.

Елеонора е единствената ќерка на Есма, која во својот живот одгледа и 47 момчиња, кои растеа и се школуваа во ансамблот „Теодосиевски“. Таа веќе има многу настапи во повеќе земји заедно со „Есмас бенд“, а соработува со Симеон Атанасов, кој ѝ беше менаџер на Есма до крајот на нејзиниот живот.