Утринава нешто пред шест часот бил погоден СТАНБЕН БЛОК во киевскиот кварт Оболон, јавуваат светските медиуми, пренесува Индекс.хр.

Киев Индипендент пишува дека во моментов гори станбена зграда на девет ката, а пожарникарите работат на гаснење на пожарот.

Украинската служба за итни случаи објави слики и снимки од пожарот, додавајќи дека дојавата ја добиле нешто по 5 часот.

Киев Индипендент пишува дека спасувачите веднаш почнале со евакуација и гаснење на пожарот и дека според најновите информации две лица биле пронајдени мртви, додека три лица се пренесени во болница.

📷

📷

📷