Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во неделата вечерта кај месноста Маршана во близина на хрватскиот град Истра, две лица загинаа на местото на настанот, јавуваат хрватските медиуми.

Според локалната полиција, несреќата се случила околу 20 часот и 20 минути, на државниот пат Д-66, во близина на фудбалското игралиште во Маршана.

– Дошло до судир на два автомобили во кој загинале две лица. Едно лице поради здобиените повреди е пренесено во Општата болница во Пула. Сообраќајот беше затворен во двата правци од 20.40 часот, изјави Наташа Рогиќ од истарската полиција.

Според неофицијални информации, дошло до директен судир меѓу автомобили Алфа Ромео и Опел Астра, по што еден од нив излетал од патот.

– Неофицијално дознаваме дека загинале маж и жена од поширокото подрачје на Пула. На местото на несреќата интервенирале и пожарникарите, објави хрватскиот портал 24сата.

📷

📷