Градоначалникот на Брвеница Јовица Илиевски ја соопшти тажнaтa вест за смртта на младиот сограѓанин Бесјан Јашари.

– Со длабоко жaлeње ја примивме веста за ненајдената cмpт на нашиот млад сограѓанин Бесјан Јашари. Искрено сочуство до семејството и пријателите. Почивај во мир Бесјан. – стои во фејсбук статусот на градоначалникот Илиевски.

Телевизијата Шења објави дека Јашари, кој бил поранешен фудбалер, починал при несреќен случај во Германија. Веста за неговата смрт ја потврдија семејството и пријателите на Јашари.

Во меѓувреме со простувачка објава на Фејсбук се огласи и фудбалскиот клуб Арсими, од кого дел претходно беше Јашари.

– Нашиот клуб со најголемо жалење ја прифати веста за смртта на нашиот поранешен играч, нашиот пријател Бесјан Јашари (од Челопек). Бесјан сите го знаеме како мудро и примерно момче, но и како фантастичен професионалец, па оваа вест силно не погоди и многу не вознемири сите! За ваквите случаи болката е голема затоа во овие тешки моменти им изразуваме најискрено сочувство до семејството и блиските на Бесјан, а ние сме блиску до нив. Господ да го помилува и да го награди со Рај.
Нека почива во мир. Секогаш ќе бидеш во нашите срца, стои во објавата.