Првичната руска стратегија за брзи напади, протерување на Украинците и окупација на земјата не успеа на многу нивоа, изјави за Ал Џезира Џејмс Шер, аналитичар во Естонскиот институт за надворешна политика.

– Кохезијата и издржливоста, флексибилноста и инвентивноста на Украина и украинскиот народ се изненадувачки, рече Шер.

Тој вели дека Русите сега ја менуваат својата воена стратегија на два начина, со прегрупирање – посебно на истокот на земјата – и напаѓање на украинските градови.