Полицаец случајно се самоубил во регионот на јужниот дел на Косовска Митровица, јавува приштинскиот портал КланКосова.

Извори на овој портал во полицијата наведуваат дека трагедијата се случила кога полицаецот се враќал од активностите на стрелиштето, по што случајно пукал од оружјето што го имал во тој момент, влегувајќи во автомобилот.

Косовската полиција за регионот на Митровица потврди дека еден нивни член го загубил животот на стрелиштето во местото Црнуше.

Станува збор за полицаец на возраст од 44 години, јавува KlanKosova.tv.

– Денеска, околу 10:28 часот, пријавено е дека на полигонот во митровичкото село Црнуше, еден полициски службеник е ранет со оружје при пукање од огнено оружје во рамки на редовна периодична обука. Повредениот полицаец Б.Т. веднаш бил пренесен во Регионалната болница во Митровица, но медицинскиот персонал констатирал смрт кај вработениот во Регионалната полициска управа Северна Митровица, се вели во соопштението.