Володимир Зеленски со својата храброст ги освојува срцата на луѓето ширум светот, но, се чини, има и модно влијание врз неговите колеги претседатели.

Новите фотографии на претседателот на Франција, Емануел Макрон, објавени од неговиот официјален фотограф, предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи. Тие го прикажуваат францускиот претседател во Златната соба на Елисејската палата, лежерно облечен – во дуксер и фармерки, со подрасната брада од неколку дена.

Француската и светската јавност се навикнати секогаш кога Макрон ќе се појави во јавност да го гледаат уредно избричен, исчешлан и во строг костум. Но, сега неговиот имиџ е нешто поинаков.

„Макрон одлучи да дојде на работа во фармерки и дуксер за да личи повеќе на Зеленски“, коментираат тие на Twitter.

📷