Пејачката Милица Павловиќ детството го поминала на југот на Србија во приградската населба Доњи Буниброд во Лесковац.

Со оглед на тоа што бракот на родителите на младата ѕвезда беше осуден на пропаст, како што самата изјави претходно, нејзината мајка Мирјана ја оставила кај баба ѝ Рада и дедото Владимир кога таа имала само три месеци.

– Родена сум во Швајцарија, каде што живеев во најраното детство, но кога моите родители се разведоа, се преселив кај баба ми и дедо ми во околината на Лесковац. Имав прекрасно детство и никогаш ништо не би променила. Ми всадија некои традиционални вредности со кои живеам и денес, а од друга страна малку ги модернизирав баба ми и дедо ми, па ние тројца сме одличен „тандем“. Извесен период, кога одев во средно, живеев со татко ми, со кој имам одлични односи и често сме заедно – изјави тогаш Милица, објаснувајќи дека не е во контакт со мајка си.

– По разводот, таа првично дојде да ме види, а подоцна не беше многу заинтересирана за мене. Сега не ми требаат нови луѓе во мојот живот. Ја добив мајчинската љубов од баба ми и дедо ми – истакнала Павловиќ за нејзината мајка која не ја видела 10 години.

Меѓутоа, во поранешниот дом на пејачката во Доњи Буниброд денеска нема никој. Кога починал нејзиниот дедо, после неколку месеци, Милица решила да ја смести баба и Рада во старечки дом во Белград, за да можат почесто да се гледаат.

Според медиумите, високите порти на домот на пејачката на југот на Србија кријат мал двор и скромна куќа обоена во розово. Иако одамна никој не живее таму, дворот е среден, а тревата свежо искосена, засадени лози и туја.

Пространата куќа, со два влеза, зеленило, селски пат, е се во што уживала Павловиќ како девојка, додека не се преселила во Белград. Според мештаните, Милица никогаш не дозволувала на своите најблиски нешто да им недостига, па затоа редовно инвестирала во оваа куќа.

– Бабата не е тука, од февруари е во старечки дом. Нејзиниот дедо Владимир починал и Милица сфатила дека е најдобро да ја земе баба и со себе во Белград, што е поради короната, но и затоа што така речиси секогаш ќе може да биде покрај неа.

-Сигурно сте виделе колку често објавува слики со неа и дека ја однела во Белград. Затоа и таа решила да остане таму. Баба Рада и Владимир ѝ го посветија целиот живот, а таа некако реши да се грижи за неа и во овој дом, каде што живее и каде и е пружена секаква грижа – изјави поранешната прва сосетка на Милица Павловиќ.