Балистичките проектили кои Русија ги испукала во Украина содржат мамки кои ги мамат радарите на противвоздушна одбрана и ги измамуваат ракетите за топлинска детекција, пишува New York Times.

Направите се долги околу еден метар и се во облик на стрела во бела боја и со портокалова опашка. Ги ослободуваат балистички ракети со краток домет Искандер-М кои Русија ги стрела од мобилни лансери од другата страна на границата, тврдат за весникот анонимни американски функционери.

Се додава дека мистериозните предмети се испуштаат кога проектилот ќе воочи дека е мета од страна на противвоздушната одбрана, пишува New York Times.

Предметот е преполн со електроника и произведува радиосигнали за попречување на непријателските радари кои се обидуваат да го лоцираат Искандер-М, а содржи и извор на топлина за привлекување проектили.

Пронајдените мамки би можеле да одговорат зошто украинската противвоздушна одбрана има проблеми со пресретнување на руски Искандер проектили.

📷

📷