Претходно во текот неделата на Telegram каналот на кабинетот на украинскиот претседател Вoлодимир Зеленски беше објавено видео во кое украинскиот претседател е прикажан во посета на ранети украински војници. Притоа не се наведува каде се наоѓа болницата во која се сместени ранетите во борбите во областа на главниот град Киев.
Парламентарецот во украинската Врховна рада, Илја Кива излезе со тврдење дека видеото е лажно, бидејќи медициската сестра која се појавува во материјалот загинала минатиот месец.
– На видеото е прикажана медицинска сестра која повеќе не е жива, објави пратеникот Кива на својот Telegram канал.
Според украинсиот пратеник, сестрата Ина Дерушова загинала на 26-ти февурари. Како потврда Кива приложува објава, веројатно поставена од пријатели на медицинската сестра.
Не е видеото лажно, туку Дерушова не е на фотографијата
Неколку дена подоцна, на виделина излезе дека не е спорно оти Дерушова не е жива, туку женаtа на фотографијата не е таа, туку друга.
Имено, украинскиот претседател Зеленски ја посети болницата со Татјана Осташченко, командант на медицинските сили во Украина.
Лажните информации кои се пласираа се дека тој бил во болница со лекарката која починала Ина Дерушова.