Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников преку видео-врска разговараше со членовите на Европскиот парламент кои се во Комитетот за надворешни работи и Поткомитетот за безбедност и одбрана, а беше покренато и прашањето за мировните преговори со Кремљ, пренесува „Гардијан“.
Резников рече дека адвокатите биле вклучени во подготвувањето на заедничките документи, но дека секој напредок ќе зависи од тоа дали Русија ќе се согласи на целосен прекин на огнот.
-Ние, се разбира, пред се во текот на преговорите ќе разговараме за прекин на огнот, хуманитарни коридори, обезбедување на цивилното население со вода, храна, а можеби подоцна ќе потпишеме мировен договор. Но, под условите на украинскиот народ, ние никогаш не би прифатиле никаква капитулација и нашите вооружени сили се подготвени да пружат отпор. Така, денес би можеле да кажеме дека преговорите се горе-долу на техничко ниво. И секако дека се вклучени адвокати, вклучени се политичари и нема да навлегувам во детали за преговорите – рече Резников.
Тој додаде дека се надева „дека многу брзо ќе ја завршиме оваа војна и, се разбира, ќе го победиме Кремљ“.