Последното испраќање на 21-годишната Габриела Мартинчиќ од босанскиот град Горњи Вакуф/Ускопље ќе биде извршено во сабота на 19 март. Погребот ќе се изврши во 14 часот на градските гробишта во Горњи Вакуф/Ускопље, јавуваат босанските медиуми.
Габријела Мартинчиќ, студентка на Универзитетот во Мостар, пред два дена беше пронајдена обесена во бањата на станбениот комплекс Студентски град на улицата Вуковарска во Мостар.
Во бањата ја нашла нејзината пријателка, која повикала брза помош во 22 часот и 40 минути, како што е пријавено во полиција.
За жал, дежурниот лекар од Брза помош можел само да констатира смрт, а по истрагата што ја извршиле припадници на полициската управа во Мостар, било утврдено дека се’ укажува дека станува збор за самоубиство.