Откако во медиумите се појави веста дека пејачката Крстиња Тодоровиќ се развела по 4 години брак, се огласи и пејачката и откри дали е тоа вистина.

На учесничката на „Ѕвезда Гранда“ пред нешто повеќе од еден месец и беше извршена естетска операција за отстранување на вишокот кожа, која и ја вети Саша Поповиќ за време на натпреварот, бидејќи ослабе речиси 100 килограми, а сега и не толку убава работа се случи во нејзиниот живот.

Таа во разговор за Еспресо.рс откри дека е вистина дека се развела, но објасни и зошто тоа се случило.

– Да, тоа е вистина. Во секој брак има подеми и падови, така беше и во мојот. Едноставно не можевме да бидеме заедно и ниту една одлука не беше донесена преку ноќ, вели таа, потврдувајќи ја веста за развод.

Запрашана дали разводот го смета за свој личен пораз, Крстиња вели:

– Кога човек успешно поминува низ одредени фази, за жал има и помалку успешни, што секако не го сметам за пораз затоа што се омажив за него од голема љубов – рече пејачката и одговори да и „трета личност“ се вмешала во бракот:

– Не постои „трето лице“. Не постои ниту една грда причина, се разидовме едноставно веќе не сме еден за друг. Не можевме да функционираме заедно. Секогаш сум тука за мојот поранешен сопруг како пријател и поддршка за се во животот.

Прашана дали е подготвена да се впушти во нова романса, таа вели:

– Не размислувам во таа насока. Искрено, тоа е последното нешто што ме интересира во моментов. Сакам да се посветам на кариерата и музиката – изјави Крстиња за Еспресо.

📷

📷

📷

📷

📷