Анастасија Лапатина, која работи како новинарка за „Киев Индепендент“ на својот Твитер профил објави потресен твит во кој опиша дел од ужасот со кој се соочуваат украинските граѓани.
Лапатина напиша дека никогаш нема да прости за ова што се случува, местото каде што пораснала сега е окупирано од Русите, на улиците каде што скејтала сега има мртви тела, а нејзините три кучиња се сами во домот.
– Јас пораснав овде. Куќата на моето семејство се наоѓа тука скоро 2 децении. Сега ова село е окупирано од Русите, домовите се запалени, мртвите тела се на улиците каде што порано скејтав. Моите три кучиња се сами во домот. Никогаш нема да простам, напиша Лапатина, која објави две фотографии.
I grew up here. The house of my family has stood here for almost 2 decades. Now this village is occupied by Russians, homes are burned down, dead bodies are on the streets where I used to skate. My three dogs are alone at home. I will never forgive pic.twitter.com/EMBb7y1Avf
— Anastasiia Lapatina (@lapatina_) March 18, 2022
Лапатина стана актуелна во јавноста откако го отфрли барањето за интервју со државната руска телевизиска мрежа „Раша тудеј“, популарно позната како РТ, обвинувајќи ја дека не направила „ништо освен што ширела опасни дезинформации“ поради инвазијата на Русија во Украина.