Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа говор на преполниот стадион „Лужники“ во Москва по повод осмата годишнина од руската анексија на Крим.
Стадионот беше преплавен со руски знамиња и буквата „Z“, која стана симбол на инвазијата на Украина од страна на руските воени сили, која започна на 24 февруари.
– Знаеме што треба да направиме, како и по која цена. И ние апсолутно ќе ги реализираме сите наши планови. Луѓето кои живееле и живеат во Донбас не се согласуваат со државниот удар во 2014 година. Против нив беа организирани воени акции. Тие беа блокирани и подложени на системско гранатирање. Тоа е она што се нарекува геноцид. Целта на операцијата е да се спаси нашиот народ од тоа, рече Путин во својот говор.
Интересно, за време на неговиот говор, преносот на руската државна телевизија беше накратко прекинат. Занимлива беше и јакната на рускиот претседател, која им привлече око на корисниците на социјалните мрежи.
Тие тргнале во потрага, при што откриле дека се работи за јакна на италијанскиот бренд Loro Piana вредна околу 12.000 евра.
Британски „Дејли мејл“ наведе дека просечниот Русин треба да работи 25 месеци за јакната на Путин. Британскиот весник наведува дека во 2021 година просечната годишна плата на населението во Русија била 678.000 рубљи или околу 5.500 евра, што е помалку од половина од цената на јакната.
Today at a concert in honor of the anniversary of the annexation of #Crimea, Putin wearing a $14,000 down jacket, told the #Russians how sanctions will make #Russia stronger and how the Russian army will defeat Nazism pic.twitter.com/c7RamaNILw
— NEXTA (@nexta_tv) March 18, 2022