Во интервју за „Гардијан“, Дејан Кулушевски потенцира дека никогаш нема да заборави дека потекнува од Македонија и секое лето доаѓа во нашата земја.
Кулушевски играше за младинските селекции на Македонија, но кога требаше да бира за кој сениорски состав ќе игра, ја одбра Шведска, земјата каде што живее.
Неодамна одби да даде изјава за „Спорт Клуб“ на македонски и го навлече гневот на фудбалските фанови во нашта земја, но можеби изјавата ја даде на англиски само затоа што подобро го говори тој јазик.
Сега интервју за „Гардијан“ зборува само позитивно за Македонија и вели дека никогаш нема да заборави од каде потекнува.
„За мене и мојата фамилија Македонија е многу важна. Како што вели мајка ми, ние никогаш нема да заборавиме од каде дојдовме. Во Македонија одам секое лето и многу ми се допаѓа“, вели Кулушевски за „Гардијан“.
„Отсекогаш велев дека доколку би можел да играм и за Шведска и за Македонија би играл и за двете. Но требаше да бирам и ја одбрав Шведска бидејќи таму живеам“.