Жителот на Крушевац, С.Н.(52) загина откако активирал рачна бомба во автомобил, утрово во местото Читлук. Како што објави „Новости“, во возилото утрово бил С.Н., со сопругата В.Н.(48), кога дошло до расправија.
Тој прво ја нападнал, а потоа ја активирал експлозивната направа. Жената се претпоставува дека успеала да го напушти возилото во последен момент па добила полесни повреди.
Полицијата е на лице место, а истрагата е започната. Се уште не се познати мотивите за расправијата која завршила трагично.
Жената се спасила во последен момент
Изворот на српски Курир открива што и’ претходело на несреќата која се случила во делот на Читлук.
– Наводно, мажот и жената се скарале, а С.Н. ја истепак сопругата. Потоа со автомобил се упатиле некаде. Во автомобилот прв влегол сопругот, а од другата страна на совозачкото седиште влегла жената. Не успеала да ја затвори вратата, бидејќи сопругот веднаш скокнал врз неа – вели изворот на Курир и продолжува:
– С.Н и викал на жената дека ќе ја убие и потоа се обидел да и стави бомба во јакната која ја имал со себе. Ја држел жената за јакната и ја повлекол кон себе не дозволувајќи и да излезе. Сепак, за среќа, жената некако успеала да се оттргне и да излезе од автомобилот. Тоа што не успеала да ја затвори вратата кога влегла, буквално и го спасило животот!
Како што дополнително објаснува изворот, во моментот кога го извлекол осигурувачот од експлозивната направа, жената веќе била излезена од возилото.
– Бомбата експлодирала во раката на С.Н. Тој бил погоден од шрапнели и се здобил со тешки повреди – вели изворот.
Полицијата и обвинителот вршат увид на местото на трагедијата, а мотивот се утврдува.