Две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила денеска попладнево во околината на струмичко.

– Во 17.30 часот во близина на с.Добрашинци, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 6 пожарникари – спасители интервенираше на сообраќајна несреќа на патничко моторно возило. Во несреќата се повредени двајца патници кои се предадени на екипата од брза помош, објави локалниот портал strumicadenes.mk.

Засега нема подетални информации како дошло до сообраќајката и каква е состојбата на повредените лица, имајќи во предвид дека фотографиите од истата се прилично вознемирувачки, а автомобилот е доста уништен.

📷