Комсомолскаја Правда, медиум близок до Кремљ, кој претходно објави дека во Украина се убиени 9861 руски војник, сега тврди дека биле хакирани и дека оваа „лажна информација“ сега е отстранета.

„На 21 март, администраторскиот интерфејс на веб-страницата Комсомолскаја Правда беше хакиран. Лажно се објавени информации поврзани со специјалната операција во Украина. Неточните информации веднаш беа отстранети“, соопшти редакцијата.

За објавените податоци таблоидот се повикал на руското Министерство за одбрана, иако Министерството јавно не ги објави таквите податоци.

Киев тврди дека се убиени вкупно повеќе од 15.000 руски војници.

Според последните официјални податоци објавени од Русија, до 2 март загинале 498 војници.