Иако никогаш не го признаа тоа, има многу докази за руско мачење на затвореници во војната во Чеченија. Преживеаните ги раскажаа ужасите низ кои поминале во руските кампови, пренесува хрватскиот портал 24сата.

Специјална воена операција, така Владимир Путин му објасни на светот или се обиде да ја објасни руската инвазија на Украина. По неколку дена дознавме за подвижните крематориуми, бројот на жртви од двете страни пораснал за илјадници, но Путин не се поколеба.

Организира прослави и држи охрабрувачки говори пред народот.

Ова не е прва војна на Владимир. На почетокот на неговиот мандат како премиер, конфликтите во Чеченија ескалираа. А еден од начините да се смири конфликтот беше да се измачуваат затвореници, напиша угледниот Гардијан во својот извештај од 2000 година, пренесува Дејли Стар.

Новинарот Џон Свини разговарал со неколку луѓе кои биле затворени и мачени од руските сили.

Она што го слушна го шокираше.

– Најлоша работа беше ’слонот’. Ти ставаат гас-маска на лицето, ти ги врзуваат рацете зад грб, а потоа го прекинуваат доводот на воздух. Наскоро се задушувате и останувате без здив. Сето ова време дополнително ве гушат со рацете на вратот. Некогаш ставаа гас во маските поради што губиш свест. После тој метод, луѓето би признале се, дури и да не се виновни, рекол еден затвореник.

Неговата приказна ја потврдија уште неколку несреќни лица, од кои некои се соочиле со уште полоши методи…

– Ме однесоа во просторија каде што имаше некаков сад. Ми рекоа да одам на пливање. Набрзо ми ја заглавија главата внатре. Внатре имаше киселини и хемикалии. Бев слеп неколку дена, рекол еден маж, кој имал само 17 години кога го мачеле.

Русија и Путин, и покрај многуте докази, никогаш не признале дека користеле ваква тортура во војната во Чеченија.