Рускиот претседател Владимир Путин има за цел да присуствува на годинешниот самит Г-20 во Индонезија, соопшти денеска руската амбасадорка во Индонезија, спротивно на тврдењата на дел од земјите кои сметаат дека Русија треба да биде исклучена од тој собир.

САД и западните партнери проценуваат дали Русија по нападот на Украина треба да остане дел од тој формат кој ги собира на едно место дваесетте најголеми светски економии.

Обидот за исклучување на Русија би можел да наиде на вето од страна на другите членки на собирот и да доведе до тоа дел од државите да не присуствуваат на состаноците, пренесе Ројтерс.

Путин, сепак, планира да учествува

Руската амбасадорка во Индонезија и моментална претседателка на самитот Г-20, Људмила Воробјова, изјавила дека Путин планира да пристигне на индонезискиот остров Бали на собирот во декември.

„Тоа ќе зависи од многу работи, вклучувајќи ја и состојбата со ковид-19, која сега се подобрува. Засега Путин сака да учествува на самитот Г-20“, изјавила амбасадорката Воробјова на прес-конференција за медиумите.