Максар објави нови сателитски снимки од украинскиот град Мариупол, кој руските сили френетично го бомбардираат и гранатираат со недели.

Повеќе од 80% од станбените згради во тој град се оштетени, а многу се урнати. Украина го отфрли ултиматумот на Русија, која бараше предавање на градот. Мариупол е последниот голем град во тој дел од земјата што е под контрола на Украина.

Денес, руски функционер во интервју за РИА Новости откри зошто Русите се толку очајни да го освојат Мариупол.

Новите фотографии објавени од Максар покажуваат густ чад што се издига од низа станбени згради во Мариупол поради руските бомбардирања. Пред војната во градот живееле околу 400.000 луѓе. Сега, според достапните податоци, останаа околу 100.000.

📸