Во Украина во градот Мариупол загина 11-годишната гимнастичарка Катја Дјаченко. Младата спортистка е жртва на руското бомбардирање. Бомбата паднала точно во нејзината куќа, јавува Ukraine UA.

„Катја, 11 години. Жртва од Марупол … Млада гимнастичарка. Со соништа што ги има секое 11 годишно дете. Прости ни Катја … Слава на Украина !!!“, напиша на Фејсбук поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов.

Мариупол е уништен. Веќе 28 дена трае војната во Украина. На 24-ти минатиот месец, Русија ја почна инвазијата. Досега во војната животот го загубија над 120 деца.

На социјалните мрежи се појави видео од разурнатиот украински град Мариупол, снимено со дрон.

Видео снимката ја објави Бахти Нишанов, кој работи за Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).

„Избегнував да ги објавам уништувањата во Украина, но руското уништување на Мариупол мора да биде објавено. Деведесет проценти од градот е исчезнат. Полскиот претседател Дуда вели дека изгледа како Варшава во 1944 година, и во право е“, напиша Нишанов на Твитер.