Елин Машиќ, син на поранешниот хрватски фудбалер Армин Машиќ почина по тешко боледување на 17-ти март во германскиот град Хамбург, каде што беше на лекување, јавуваат регионалните медиуми. Младиот Машиќ боледуваше од карцином и долго време се бореше со пеколната болест.

Последното збогување и погребот на Елин Машиќ – синот на еден од најдобрите играчи на хрватскиот фудбалски клуб Марсонија на сите времиња Армин Машиќ се случи вчера во Славонски Брод.

Елин почина по тешко боледување на 17-ти март во Хамбург, каде што беше на лекување.

Хрватскиот фудбалски крем неодамна се собра во Славонски Брод. За Елин играа Марио Манџукиќ, Ивица Олиќ, Кариќ, браќата Мујчин и многу други, за да го поддржат и да му помогнат на неговото семејство во нивното лекување.

Инаку, Армин Машиќ играше во познатата генерација со браќата Емир и Земир Мујчин, Велдин Кариќ, Ивица Олиќ, Борис Живковиќ…

– Денеска е тажен ден за нашиот град и клуб. Младиот Елин Машиќ, син на нашиот Армин Машиќ, вработен во клубот и тренер на неколку младински тимови, не напушти прерано по долга борба со опасната болест, соопштија на официјалната ФБ страна на клубот.

Елин, кој самиот беше фудбалер, ги мина сите млади селекции на Марсонија.

– Елин долго време водеше тешка борба за живот, со позитивни мисли, поддршка и молитви на целиот Счавонски Брод. Пред само неколку месеци со својата упорност и желба за живот ги собра сите ѕвезди на клубот, сегашните членови и илјадници граѓани во спектаклот на радоста на фудбалот и младите. Сите оптимистички му посакавме среќен крај на оваа за него најважна игра. За жал, судбината и болеста беа посилни …

Раководството, играчите и навивачите на Марсонија изразуваат искрено и длабоко сочувство до Армин и Рамајана и целото семејство, а од клубот порачаа дека ќе бидат нивна нивна постојана поддршка во големата и неизгаслива тага.