Премиерот Димитар Ковачевски преку социјалната мрежа Фејсбук ја честиташе победата на македонските фудбалери против Италија.

-Каква сензација! Браво момци, браво! Вие сте вистински херои, оваа вечер покажавте што значи борбеност, желба, истрајност! Неверојатна победа која е резултат на многу труд и работа, но пред се љубов кон националниот дрес. Честитки и за селекторот Милевски и целиот тим, оваа вечер нема никогаш да ја заборавиме.