На социјалната мрежа Твитер е објавено вознемирувачко видео од Харков. Видеото го објави шефицата на Центарот за граѓански слободи, Олександра Матвичук.
Гардијан пишува дека граѓаните стоеле во ред пред поштата во Харков и чекале да подигнат хуманитарна помош кога врз нив паднала бомба. Додаваат дека локацијата на снимката е потврдена.
Претходно беше соопштено дека во нападот на руските сили врз Харков загинале четири лица, а тројца се повредени. Но, се чини дека не станува збор за овој напад од снимката, јавуваат светските агенции.
Russians fired on the Nova Poshta postal department in Kharkiv, where Kharkiv residents were receiving humanitarian aid. Here the video of a rocket hitting a crowd of civilians in line#RussiansWarCrimes pic.twitter.com/BvszqcI0s1
— Oleksandra Matviichuk (@avalaina) March 25, 2022