Неодамна во медиумите се крена вистинска фама околу првиот музички настап на Анастасија Ражњатовиќ, ќерката на фолк пејачката Цеца Ражњатовиќ.
Таа настапи во преполн клуб во Париз, а споделените видеа покажаа дека забавата била одлична.
Следниот концерт и беше закажан изминатата сабота во Германија, но на пејачката и се слошило па морала да го откаже настапот.
Јелена Карлеуша, која долги години е во непријателски односи со семејството на Анастасија, не пропушти да го прокоментира ова, па на Инстаграм ги обвини медиумите дека шират лаги, односно Анастасија го откажала настапот не поради влошено здравје, туку поради малку продадени карти.
“Не го лажете народот повеќе! Како не ви е срам да лажете?” – се обрати на еден познат српски портал па продолжи.
“Ова не е фер за српската музичка сцена! Пишувајте за стотици српски пејачи кои вчера растурија на сцена во преполни клубови! А не за оние на кои им се “слошило” од 30 продадени карти! Лесно е да се наполни клуб во Париз кога во истата вечер таму настапува и Цоби, кој не го ни споменавте. Платени текствои за некој кој не би го прошол ни првиот круг од Ѕвездите на Гранд нема да помогнат. Едноставно доста со фарсата и пишувајте за млади луѓе кои со својот труд и талент се борат како лавови! На народот му е доста!” – напиша Јелена.