Душан Загорац (76) од Зајечар синоќа околу 23 часот ја убил својата сосетка Вера Ѓекиќ (62), а потоа и полицаецот Иван Ѓурѓевиќ (28), па се обесил на поткровјето од зградата. Според жителите на улицата „7-ми септември“ каде се случи крвавиот пир, можен мотив за убиството е мрсната супа што синоќа Душан ја фрлил на терасата на Вера, објавува српски КУРИР.
Како што велат за српски Курир жителите на зградата во Зајечар, проблемот меѓу Душан и убиената Вера датира одамна.
– Душан беше груб и безобразен човек. Не разговараше со никого и се однесуваше многу незгодно. Проблемот со Вера е создаден откако тој се преселил овде од Хрватска во 1995 година и купил стан во зградата со мајка му, велат зачудените соседи и додаваат:
– Ужас! Душан секој ден фрлаше храна и ѓубре низ прозорецот од својот стан. Постојано мирисаше, посебно кога ќе огрееше сонце, не можевме да одиме низ дворот. Целата таа храна најмногу завршуваше кај Вера на тераса, бидејќи нејзиниот стан е под неговиот, а жената била излудена поради тоа. Замислете остатокот од храната да заврши на чисти алишта и тераси. Одвратно. Поради тоа двајцата најмногу се карале, жената не сакала постојано да чисти туѓо ѓубре од својата тераса.
Мрсна супа фрлена од Душан ја однесе Вера во смрт
Според нив, Душан и синоќа фрлал храна на терасата на Вера.
– Слушнавме дека фрлил мрсна супа врз долна облека. Дрскост е тоа, а несреќната жена кога видела, се налутила и отишла кај Душан, по којзнае кој пат да му каже дека повеќе не смее да го прави тоа. Таа му тропнала на вратата, тој ја отворил и ја убил пред станот – велат соседите и додаваат дека Вера најверојатно била застрелана со пиштол.
Вера на сите можни начини се обиде да го реши проблемот кој датирал повеќе од две децении.
– Несреќната жена убаво се обиде да му укаже дека тоа што го прави не е добро. Се јавила и во комуналната полиција, но таа само ќе дошла бидејќи тој не ја отворал вратата, луѓето ја замолиле да проба уште неколку пати да се разберат со добро. Потоа му напишала писмо и го ставила во неговото поштенско сандаче, но ниту тоа не помогнало. Исто така, додека нејзиниот сопруг бил жив, и тој како маж се обидел да го реши проблемот, но безуспешно – велат соседите и продолжуваат:
Зад себе остави две ќерки и внуче
– Поради лудилото на Душан, замина прекрасна жена, која зад себе остави две ќерки и внуче. Голема трагедија, што така настрада една жена и младиот полицаец што само си ја вршеше работата.
Жителите на овој дел на Зајечар наведуваат и дека Душан Загорац отишол на покривот и се самоубил откако извршил две убиства.
– И нека се убие! Тоа што го направи е ужасно, подобро ќе беше само да се убиеше, а не да земеше повеќе животи со себе – бесно велат тие.