Португалија поведе со 2:0 против Македонија и е многу блиску до триумф и пласман на Мундијалот во Катар. Кобен по нашиот гол повторно беше Бруно Фернандеш, кој погоди за 2:0.

На голот му претходеше една добра акција на Енис Барди, но откако Пепе интервенираше добро во одбраната, Португалците направија брза контра, а Бруно Фернандеш повторно беше на вистинското место и по вторпат го совлада Столе Димитриевски.

На почетокот од вториот дел, по само 10 минути, од игра беше изваден нашиот херој од Плаермо, Александар Трајковски. Несфатливо, освен доколку не се работи за некаква повреда, селекторот Благоја Милевски го извади Трајковски од игра, а на негово место влезе Чурлинов.

Ваквиот потег на Милевски наиде на изненадување, ако се има во предвид улогата на Трајковски во мечот со Италија, но и посебно што Македонија веќе беше во негатива од 1:0, па излегувањето на Трајковски беше несфатливо.

Вториот гол на Бруно Фернандеш можете да го погледнете ТУКА.