Таа е веројатно најзгодната и најубава докторка меѓу пејачките и пејачка меѓу докторките… Така барем велат, а не се далеку од вистината, зашто Симона Поповска така и изгледа.
Атрактивната охриѓанка со скопска адреса на живеење ја дочека 30-ката. Иако на дамите не им се бројат годините, Симона самата ги откри откако се онеколку фотографии на својот Инстаграм се пофали со роденденскиот гламур, аутфит и целата кореографија со која раскошната убавица ја испраќа третата деценија од својот живот и ја раситни четвртата.
Гламурозна роденденска забава во бело беше она што и го обележа денот што го чекаме цела година на др. Симона. Роденденската атмосфера интимна, во кругот на најблиските и најсаканите, со златно-бели балони, две големи бројки што ги означуваат годините, кутија црвени рози и роденденска торта во истиот стил со комплимент во вид на титула испипшан на неа: „Кралицата Симона“!
А „роденденската кралица“ на прославата изгледаше повеќе од секси. Во бело мини фустанче спо длабоко деколте, качена на високо потпетици, со фризура и широка насмевка славеничката блеска и без круна на главата!
„Толку сум благодарна за патувањето со кое животот ме благослови досега. Исто така, сакав да се заблагодарам на секој од вас што направивте тоа да биде многу подобро! 30-ите никогаш не изгледале толку добро“ – порачала славеничката во својата роденденска порака на Инстаграм.
Инаку мaкедонската пејачка и докторка Симона Поповска, кон крајот на месец април 2021-та за првпат се реализираше и во улогата на мајка.
Таа целата своја бременост и веста за приновата ги криеше од јавноста и на социјалните мрежи не објавуваше фотографии од трудничкото стомаче.
Веста за пристигнување на новиот член на семејството се обзнани на социјалните мрежи кога почнаа да пристигнуваат честики на сметка на пејачката, која за разлика од бременоста и породувањето, радоста за денот кога ја раситни четвртата деценија јавно ја сподели!
📷
📷
📷
📷
📷
📷
📷