Крис Рок бил дочекан со овации додека излегувал на сцената во Бостон на својот прв настап откако Вил Смит му удри шлаканица на доделувањето на Оскарите.
Во таа прилика Рок ја прашал публиката: „Па, каков беше вашиот викенд?“, па продолжил:
„Знам дека сакате да знаете за мојот викенд, но засега немам премногу да кажам за тоа што се случи во неделата вечерта, сè уште немам смислено шеги за тоа. Па ќе ви кажам накратко, за вечерва имам за вас цела претстава која ја напишав пред викендот. Во врска со Оскарите, немам што да кажам за тоа, па ако дојдовте поради тоа… Уште го обработувам она што се случи, па во некој момент ќе зборувам за тоа с*ање“, рекол Рок.
Рок ѝ рекол на публиката дека кога конечно ќе се позанимава со инцидентот, ‘ќе биде сериозно’.
„Сега ќе биде смешно и само ќе раскажам некои вицови“, нагласил Рок.
Еден човек бил исфрлен од емисијата откако извикал ‘Вил Смит’.
Рок на ова само ја прашал публиката: „Дали вака ќе пројде оваа емисија?“.
Меѓутоа, откако Рок ја исклучил секоја можност дека ќе зборува за шамарот, сепак го искоментирал својот живот воопшто, велејќи:
„Животот сега ми е прилично добар, освен некои чудни работи“.
Публиката се смеела, знаејќи точно на што се однесуваат ‘чудните работи’.
„Господин Смит е замолен да ја напушти церемонијата и тој го одби тоа, но исто така признаваме дека можевме поинаку да ја решиме ситуацијата“, рекле во соопштение од Академијата.