По спектакуларниот настап на белградскиот заводник и кршач на женски срца Саша Ковачевиќ, најдоброто место за попладневни викенд журки во македонската метропола – „Дежа Ву – Ист Гејт“, за денот на шегата ви подготвува уште едно изнендување.
Прекрасна дружба со Сале и екипата на afterwork маскенбал журка, каде после првите тактови на хитовите на „Тропико бенд“ атмосферата станува фантастична за незаборавна забава.
Нивните хитови оддамна ги освоија вашите срца, а на вас е во ритамот на првоаприлската забава да „паднат маските“ откако одново ќе ги освоите насмевките и срцата на саканите или на оние што можеби токму таму, тоа ќе ви станат!
Затоа не пропуштајте ја забавата на денот на шегата со „Тропико бенд“, на 01.април ( петок ), со почеток од 17.00 часот во „Дежа Ву – Ист Гејт“, местото каде добрата забава е загарантирана… Ваше е само да резервирате на: 070 /333 – 221, да дојдете и да ги споделите емоциите под маските!