САД ќе соработуваат со сојузниците за да и обезбедат на Украина тенкови од советско производство за зајакнување на нејзината одбрана во регионот на Донбас, објави „Њујорк Тајмс“, цитирајќи американски официјален претставник.
Испораката на овие тенкови во Украина беше побарана од украинскиот претседател Зеленски, рече претставникот. Тој одби да каже колку тенкови ќе бидат испратени или од кои земји.
Украина се обиде да обезбеди тенкови од советско производство бидејќи нејзините војници се подобро обучени да ракуваат со нив.