Навивачката група Комити објави дека денеска останале без уште еден член кој бил и еден од предводниците на групата.
-Ненадејно не напушти една навивачка супер ѕвезда, човек кој Западната трибината го памети уште од основањето на групата. Комити останаа без една навивачка икона, кој своевремено беше еден од оние кои ја основаа а потоа и предводеа групата, од времето на Сокол, заедно со него но и по него. Природен лидер, кој влеваше стравопочит кај оние кои само малку го познаваа. Оние кои го запознаа вистински, во него видоа голем другар, доследен на принципите, со Вардар во срцето до последниот ден од својот живот…
Градскиот асфалт го памети како еден силен човек, кој во својот животен век проживеа повеќе животи, култна личност кој остави трага која не може да биде избришана.
Карпош загуби една голема легенда и човек со срце планина. Ја победи смртта многу пати претходно, а замина онака како што живееше, онака како што судбината сакаше да биде…
Загина, но името твое нема да загине ! Загина, но нема да сме мирни додека душата твоја не биде слободна ! Комитски небесен копу, примете го со највисоки почести МАЦ – ЦРНИ, стои во објавата на Комити.
Погребот ќе биде одржан во вторник на градските гробишта во Бутел со почеток во 12:30 часот.