Од Јелена Јојиќ (35), белградската „мадам“ која беше уапсена под сомнение дека посредувала меѓу клиенти и проститутки и за тоа земала 40 отсто од заработката, полицијата, како што дознава српски Курир, одзела два мобилни телефони преку кои го водела својот бизнис.
Меѓу девојките кои работеле кај неа, а меѓу кои според неофицијални информации имало познати пејачки, старлети кои веќе се уапсени поради проституција, но и една мисица, владее вистинска паника.
Според изворот на српски Курир, многу од нив почнале да ги бришат профилите на социјалните мрежи.
– Го чекаме отворањето на содржината на нејзините комуникации. Иако Мартина Рајиќ, која работеше за неа, засега е приведена, извесно е дека ќе има и нови апсења – открива извор.
Ова е мадам Јелена Јојиќ:
📸
– Според нашиот соговорник, оперативните информации кои се проверуваат укажуваат дека клиенти на Јојиќ биле бројни познати поранешни и сегашни фудбалери, бизнисмени, политичари, но и поранешно момче на позната пејачка. Наводно, толку биле задоволни од нејзините услуги и „дискреција“ што и плаќале по неколку илјади евра, задоволни од девојките што им ги праќа.
– Цената на услугите од час, кои ги наплатувала за „обичен“ и орален секс, била од 1.000 до 1.500 евра, а за ноќевање со девојка клиентите лаќале и до 5.000 евра. Цените беа и далеку повисоки за клиентите кои сакаа да поминат еден час или една ноќ со неколку девојки. По завршувањето на работата, проститутките сами ги земале парите од клиентите и и’ даvale 40 отсто на Јелена – открива изворот на Курир.
Тој наведува и дека се сомнева дека оваа белградска „мадам“ земала некои девојки со тоа што се префрлиле од други макроа да работат кај неа или со тоа што ги регрутирала во ноќните клубови и им нудела огромна заработка.
– Преку нејзе се одвивало договарањето состаноци, цените, местата. На телефонот имала разголени слики од девојки кои работеле за неа и ги испраќала на клиентите да изберат една или повеќе од нив – додава соговорникот на српски Курир.
Јелена Јојиќ, како што додава, најчесто закажувала состаноци во станови и апартмани во Белград, за да им помогне на познатите клиенти, кои лесно би биле препознаени во хотелите за да не бидат откриени.
Да потсетиме, Јелена Јојиќ по рочиштето по предлог на Третото основно јавно обвинителство доби притвор до 30 дена.