Холивудскиот актер Шон Пен ги повика милијардерите да купат два ескадрили авиони Ф-15 или Ф-16 за Украина за да ја свртат војната во корист на Украина.
Еден милијардер би бил доволен да стави крај на оваа војна. Во тоа е убеден Шон Пен. Актерот и активист проговори за да се слушне неговиот глас за поддршка на Украина и на Твитер упатува многу специфичен апел: Нека излезе оној кој има пари!
Се разбира, тоа нема да биде потфат без напор, треба вооружување и обука, „но вреди да се размислува за тоа“, пишува тој. И оди уште подалеку, правејќи некои буџетски пресметки за да започне операцијата: две ескадрили Ф-15 или Ф-16 погодни за украински пилоти со само тринеделна обука „би го чинеле приватниот купувач околу 300 милиони долари“, пишува.
На нив, според актерот и режисер, треба да се додадат само уште 200 милиони за ракетна одбрана, и тоа би била вкупна инвестиција од 500 милиони долари.