На 49-годишна возраст, синоќа во Охрид почина поранешниот медиумски работник Ацо Пулески, информира порталот „Охрид прес“.
Своевремено беше дел од екипата на охридското „Супер радио“, а работеше и во други локални медиуми. Важеше за голем пријател, секогаш насмеан и позитивен човек, во секое време расположен да помогне и да подаде рака, пишува истиот портал.
Посмртните останки на Пулески ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид, утре, во периодот од 14:00 до 14:30 часот.