Иако досега Индија важеше за земја која беше воздржана, сепак таа го осуди масакрот во Буча во Украина, каде руските сили мачеле и убивале цивили. Велат дека извештаите за она што се случувало во Буча се длабоко вознемирувачки.
Индија остро го осуди масакрот и повика на независна истрага. Oваа држава извесно време трпи притисок од Западот за да ја осуди руската инвазија, што сè уште не го сторила.
Индија досега се воздржуваше од гласање на Генералното собрание на ОН за резолуции со кои се осудува руската инвазија на Украина и се обидуваше да ги балансира своите блиски врски со Москва, но во исто време повика на прекин на насилството.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров пред неколку дена ја посети Индија и се заблагодари затоа што според него, таа имала објективен став и работите ги гледала од повеќе агли.
И Франција порача дека ова не смее да остане без одговор.