Озлогласениот чеченски лидер Рамзан Кадиров, за разлика од украинскиот претседател Володимир Зеленски, не се облекува скромно за да му се приближи на народот, туку со облеката сака да испрати порака за својата супериорност.
Имено, тој често може да се забележи во скапите чизми на Прада, во кои се појавил неодамна, при своето обраќање до јавноста.
Чизмите кои инаку се нарекуваат Prada Monolith се модел од 2019 година, а денес можат да се купат по цена од околу 1.600 долари.
Зеленски носел и панцир
Ќерката на Кадиров, Ајшат е моден дизајнер, па Кадир има можност да го добие речиси секое посакувано парче облека.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, претпочита поедноставна облека, па неодамна за време на посетата на опустошениот град Буча се прошета во патики Saucony Jazz, чија цена е само околу 44. евра.
Зеленски носел панцир во Буча и бил опколен од вооружени обезбедувачи. Тој им се обратил и на лидерите на земјите кои одлучуваа дали Украина треба да биде членка на НАТО или не.
НЕ Е САМО ЈАКНАТА: Путин носи часовник кој чини вртоглава сума и патики кои чинат 720 евра (ФОТО)
Додека украинскиот претседател Володимир Зеленски стана познат по својата каки зелена маица, неговиот руски колега Владимир Путин избра јакна „Loro Piana“ од 10.000 фунти (речиси 12.000 евра) на неговото појавување на стадионот минатата недела.
Со оглед на тоа што Русија го чувствува влијанието на санкциите, не е јасно кој од соработниците на Путин сметал дека е паметно тој да облече палто кое чини 25 пати повеќе од просечната месечна плата на нацијата.
Путин, кој ја комбинираше пуфер јакната со џемпер од 2.400 фунти (2.900 евра) од италијанскиот бренд Китон, им рече на 200.000 луѓе на стадионот Лужники во Москва дека неговата инвазија на Украина треба да ги брани „универзалните вредности“ на сите Руси.
Лидерот на високата мода е обожавател и секако поседува и други скапи модни парчиња. Тој носи црн часовник Blancpain Grande Date Aqua Lung од 8.800 фунти (10.500 евра), а забележан е и во чифт патики со велур Loro Piana од 605 фунти (720 евра), пишува Дејли маил.
Изгледот на Путин беше гламурозен за време на говорот, што предизвика шпекулации дека носи јакна отпорна на куршуми под палтото. Исто така, имаше тврдења дека голем дел од толпата биле платени или принудени да бидат таму.
Спротивно на тоа, одлуката на претседателот Зеленски да се одлучи за маица создаде многу искрена врска со Украинците.
По неодамнешното појавување на Зеленски преку видеоврска пред американскиот Конгрес, економистот Питер Шиф, кој некогаш беше републикански кандидат за сенатор, напиша на Твитер: „Разбирам дека времињата се тешки, но зарем претседателот не поседува костум?