Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков денеска ќе одржи прес – конференција на која ќе бидат презентирани потребните информации непосредно пред најавениот штрајк во детските градинки, основните и средните училишта.
СОНК за утре најави генерален штрајк, бидејќи на минатонеделните средби со Владата не се договорија за исполнување на нивното барање за зголемување на платите во образовниот сектор за 18,4 проценти.
Ова барање е со цел усогласување со порастот на минималната плата во државата од 15.199 на 18.000 денари што веќе стапи на сила.
Претходно беше најавено дека наставниците ќе дојдат во училиште, но нема да изведуваат настава, туку ќе бидат во просторија определена за нив.
На родитeлите веќе им е соопштено да не ги носат децата на школо, а оние ученици кои ќе дојдат, ќе бидат згрижени од лице задолжено за нив.
„НА РОДИТЕЛСКА СРЕДБА НИ Е КАЖАНО ДЕКА ВО ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА ИМА НАСТАВА, А ДОКОЛКУ УЧЕНИЦИТЕ СЕПАК СЕ ПОЈАВАТ ВО УЧИЛИШТЕ, СИТЕ ВО ЕДНА ПРОСТОРИЈА ЌЕ БИДАТ ЗГРИЖЕНИ ОД ВРАБОТЕН ВО СЛУЖБИТЕ НА УЧИЛИШТЕТО И ЛИЦА ОД ОПШТИНАТА“ ВЕЛИ РОДИТЕЛ.
Министерството за труд и социјала соопшти дека во сите предучилишни установи децата ќе бидат згрижени и за време на штрајкот. Од градинките велат дека со децата ќе бидат воспитувачките кои нема да протестираат, но ниту едно дете нема да биде вратено дома.
„НАЈАВЕНИОТ ШТРАЈК ОД СТРАНА НА СОНК И ВО ПРЕДУЧИЛИШНИТЕ УСТАНОВИ Е ЗАГАРАНТИРАНО ПРАВО НА РАБОТНИЦИТЕ СОГЛАСНО УСТАВОТ, А ПРИ ШТРАЈК ВРАБОТЕНИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ОБЕЗБЕДАТ НЕПРЕЧЕНО ЗГРИЖУВАЊЕ НА ДЕЦАТА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ.“, СЕ НАВЕДУВА ВО СООПШТЕНИЕТО ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА.
Синдикатот за образование наука и култура донесе одлука за генерален штрјак на 29 март, по неколку неуспешни средби и преговори со Владата и ресорните за усогласување на платите во образованието со минималната плата на национално ниво.
Штрајкот во градинките, основните и средните училишта започнува на 11 април и од СОНК велат дека ќе трае до исполнување на нивните барања.
Синдикатот бара разбирање од родителите на учениците и убедени е дека нивната синдикална борба за остварување социјални права ќе вроди со плод.
Добија поддршка и од Конфедерацијата на слободни синдикати, а писмо со поддршка до СОНК пристигнаа и од Европската конфедерација на синдикати за образование.