– Земјотрес со интензитет од 4,2 степена според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Албанија, три часа по полноќ.
Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.
Епицентарот се наоѓал на девет километри од местото Тропоја во Албанија, соопшти Сеизмолошкиот оддел на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.
Потресот бил почувствуван во јужниот дел на Србија, во Црна Гора и во Северна Македонија.