Телото на Тот преместено со влечење
Од клубот почнуваат да излегуваат и други гости. Му проверуваат пулс на вратот и на рацете на Тот. Уште еднаш го вртат, овој пат на левата страна, но тој не дава знаци на живот.
Третоосомничениот Андреј си пали и цигара и на уво му кажува нешто на првоосомничениот Анџело. По ова, двајцата го фаќаат телото на Тот за да го преместат. Андреј се откажува. Анџело продолжува сам да го влече по земја Тот. Успева да го помести неколку метри и паѓа заедно со Тот. Од влечењето Тот е речиси расоблечен, па по преместувањето му ја местат облеката.
Девет минути по повикот доаѓа брзата помош. Медицинарите го креваат Тот, но не од местото каде што паѓа, туку од местото каде што го преместуваат осомничените за убиството.
Сведоци на целиот настан од моментот кога Тот излегува од клубот до моментот кога го ставаат во брзата помош се три момчиња, од кои едното в раце држи балони.