Автобус на ЈСП број 24 и автомобил се судрија вечерва околу 23 часот во скопската населба Кисела Вода, во непосредна близина на детската градинка „8-ми Март“.
Автомобилот марка „пежо партнер“ возел во спротивна насока и директно удрил во автобусот, а според очевидци, возачот кој управулал со автомобилот е тешко повреден и бил во алкохолизирана состојба.
Полиција и Брза помош се на местото на сообраќајката, а информација за повредени патници засега нема.