Весникот Новаја газета пишува дека околу 40 морнари загинале, а многумина се ранети во потонувањето на воениот брод „Москва“.
Новаја газета цитира мајка на морнар за кој се верува дека бил на бродот. Ѝ кажал дека нема да открива детали за тоа што го видел затоа што било страшно, додавајќи дека многу од ранетите изгубиле екстремитети поради експлозиите. Весникот објави дека има доказ дека морнарот служел на „Москва“. Министерството за одбрана на Русија досега не објави дека има жртви во потонувањето, а Украинците велат дека повеќе од половина екипаж загинал. Дмитриј Шкребец, жител на Јалта, бил првиот што го пријавил на 17 април исчезнувањето на неговиот син, кој служел воен рок на крстосувачот „Москва“.
Војната во Украина продолжува, а руските трупи се концентрирани на Донбас.