– Борците поддржани од Русија напаѓаат во областа каде што се кријат последните украински бранители на Мариупол – фабричкиот комплекс Азовстал, железарницата и челичарницата, изјави промосковскиот функционер Едуард Баршурин, лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк.
Тој исто така рече дека руските борбени авиони и артилерија им помагаат на јуришните трупи.
Стратешкиот јужен пристанишен град е под опсада на руските војници од почетокот на март.
– Руските сили силно ја бомбардираат областа, а исто така гранатираат и станбени области во друг дел од градот, изјави советникот на градоначалникот на Мариупол.
Украинските власти соопштија дека има илјада цивили во фабричкиот комплекс Азовстал кои се засолниле во бункери и тунели на тоа место, но Баршурин тоа го негираше.
Москва вели дека поголемиот дел од градот е под руска контрола. Доколку падне целиот град, стратешки тоа би било многу важно за Русија која на тој начин може да добие контрола врз огромен дел од јужна и источна Украина.
Русија ги повика украинските војници кои го бранат градот да се предадат.
Британско разузнавање: Русите се повеќе гранатираат на истокот
Според британските разузнавачи во новиот извештај, руските гранатирања и напади во источниот регион Донбас продолжија да се зголемуваат во последните часови. Украинците „отфрлаат бројни обиди за напредување на руските сили“, се вели во извештајот.
– Способноста на Русија да напредува и понатаму е под влијание на логистичките и техничките предизвици што ја снајдоа досега, во комбинација со издржливоста на високо мотивираните украински вооружени сили. Неспособноста на Русија да го потисне отпорот во Мариупол и нивните неселективни напади, кои го оштетија постојаното цивилно население, се показател за нивниот континуиран неуспех да ги постигнат своите цели толку брзо колку што би сакале, велат разузнавачите.