– Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција – Отсек за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Битола попладнево го лишиле од слобода 34-годишниот битолчанец В.П..
Од секторот за односи со јавност при СВР-Битола известија дека при претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 9мм со една рамка и една шок бомба.
В.П. е приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.