По две години борба со ракот, денес почина Андријана Мициевска, ќерката на пејачката и водителка Јулија. На социјалните мрежи пријателите веќе се простуваат од Андријана. Таа почина на 41 години, беше сликар и мајка на Стефанија. Дека состојбата на Андријана е влошена уште пред неколку дена објави Јулија и побара поддршка од пријателите. Андријана беше однесена на Клиниката за онкологија, каде, икако што кажа Јулија, се борела за живот.
„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божјо чудо, зошто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче“, напиша тогаш Јулија
Во 2020 година на роденденот на Андријана и беше дијагностициран рак кој метастазирал на коските и црниот дроб. Таа по една година хемотерапии и зрачење, успеа да да застане на нозе. Лани Јулија на роденденот на нејзината ќерка напиша дека изминатата година направила пресврт во нивните животи.
Уметници и пријатели на Андријана ги продаваа своите дела по прифатливи цени и собираа средства за нејзините понатамошни лекарски трошоци.