Украинската тенисерка Марта Костјук (19) го критикуваше најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.
На тинејџерката од Киев не и се допадна тоа што Новак јавно ја осуди одлуката на Вимблдон да им забрани на руски и белоруски спортисти да се натпреваруваат.
– Сакам моите колеги тенисери да ја разберат ситуацијата и да ни дадат поддршка. Но, мислам, погледнете што рече Новак. Погледнете што рече Рафа. Како ќе ве поддржат другите, кога тројцата најдобри играчи кажуваат вакви работи?” прашува Марта.
Да потсетиме, Новак смета дека не треба да има мешање во политиката и спортот.
– Секогаш ќе ја осудувам војната, нема да ја поддржувам како дете на војната, знам колку трауми остава, а имавме многу војни на Балканот, но не можам да ја поддржам одлуката на Вимблдон, тоа е лудост. Играчи и тренери немаат никаква врска со тоа, политиката во спортот не треба да се случува, изјави Новак по шокантната одлука на Вимблдон.
Младата тенисерка распали и по Белорусинката Викторија Азаренка која се наоѓа во Советот на играчи.
– Викторија Азаренка е во Советот и носи одлуки за бодови на Вимблдон, каде што не учествува. Велат дека нема лична корист при одлучувањето. Самиот факт што е присутна на тие состаноци и го прави тоа што го прави. .. Тоа е смешно, вели Костјук.
Да потсетиме, Костјук се најде во центарот на вниманието на јавноста кога започна војната во Украина, бидејќи отвори жесток оган врз колегите од Русија и Белорусија. Во подкаст, таа подоцна откри дека не сака да игра против Русите и Белорусите, дека ги избришала нивните телефонски броеви, дека повеќе не ги смета за пријатели и дека повеќе би сакала да ги претепа.