Цената на бензинот од 95 октани се зголемува за 9 денари и литар ќе чини 104 денари. За толку поскапува и дизелот и ќе се точи по цена од 95 денари за литар. Цената на бензинот од 98 октани ќе се зголеми за 9,5 денари и литар ќе изнесува 106, 5 денари.

Оваа корекција Регулаторната комисија ја направи откако на владина седница се донесе одлука од утре ДДВ за горивата наместо 10 да биде 18 отсто, а повеќе нема да се намалува ниту акцизата која со владините мерки во зависност од светските берзи паѓаше за 1 до 3 денари.

Најавите за ваквото зголемување ги наполни бензиските. Во редици граѓаните чекаа да наточат гориво пред утрешниот скок на цената.

– Тоа е тоа не зависи од нас тоа, колку е толку е ако сакаме да возиме мора.

– Нормално тоа е светска цена на берза

– За наши стандарди е превисоко,

– Дојдов поради поскапувањето , цените се и онака високо најавија за околу 10 денари тоа е удар…

📸

📸

Експертите претходно предупредија дека ако не се преземе нешто откако ќе престане нивната важност, цените нагло ќе пораснат, а тоа ќе се одрази врз стандардот на граѓаните, инфлацијата ќе се зголеми, но од друга страна ќе се полни буџетот.

Од опоцизијата пак предложија , со законски измени ДДВ за течни горива до крајот на годинава да биде 5 отсто.